Исто така во својот обем на работа не помалку важни се и кровни хидроизолациони системи и пропратни хидроизолациони работи на разни објекти. Во посебен дел се и санации на објекти од пробив на вода преку инјектирање или на начин прифатлив во однос на спецификите на објектот, соседните објекти условите за работа и достапноста.
Кровните хидроизолации се однесуваат на објекти изведени со рамни кровни површини , кои во пракса во денешно време носат други системи за греење и ладење , соларни (фотоволтаични системи) а истите се користат за осветлување и поставување на реклами , телекомуникациона опрема , електронски сигурносни системи и др. Освен оваа опрема кровните хидроизолации можат да се изведат и така да претставуваат дел од систем за парцијално озеленување или комплет на кровна градина (зелен кров).